Шкендија против Хајдук во младинската Лига на Шампиони!

441

Младинската екипа на Шкендија, која исто е шампион на Македонија, во 1.коло од Лигата на Шампионите се среќава со Хајдук. Така сакаше ждрепката денеска во Нион каде беа влечени двојките за оваа фаза од ова натпреварување.

Првиот меч се игра на 29 септември, а домаќин е Шкендија. Додека реваншот е закажан за 20 октомври во Сплит.

Во случај младинците на Шкендија да ја минат оваа пречка, тие во 2.коло се среќаваат со подобриот од двомечот меѓу Даугавпилс – Минск.

ПретходноПознат е „возниот ред“: Кошаркарите отвараат против светскиот првак
СледноАдем Мекиќ: Голема чест е да играш против светскиот шампион!