12 ремек дела на Томовски во Загреб (ВИДЕО)

564

Мартин Томовски дефинитивно е играчот број еден на Вардар 1961 во вториот четвртфинален натпревар и една од главните причини за пласманот на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига. Македонскиот репрезентативен голман, мечот го заврши со 12 интервенции (еден седмерец).

Томовски имаше девет одбрани во првото полувреме, беше главната причина поради која ППД Загреб во овој дел од мечот не успеа да поведе со повеќе од три гола разлика.

СЕХА-лига извади дел од одбраните на Томовски.

Вардар во полуфиналето на Ф4 ќе се сретне со Мешков Брест, мечот се игра на 3. септември.

ПретходноВест Хем ја зголеми чешката колонија – потпиша и Алекс Крал
СледноМилан донесе уште двајца играчи