Вест Хем ја зголеми чешката колонија – потпиша и Алекс Крал

161

Чешкиот репрезентативец Алекс Крал се пресели во Вест Хем од редовите на Спартак Москва. „Чеканите“ за едногодишна позајмица ќе платат 3,5 милиони евра со опција да го откупат неговиот договор за 14 милиони евра.

Со тоа Крал ја зголеми чешката колонија во Вест Хем која сега изнесува тројца фудбалери. Членови на лондонскиот тим се уште Томас Соучек и Владимир Куфал кои дојдоа минатата сезона и имаа успешна дебитантска сезона.

Вест Хем го донесе и Никола Влашиќ од ЦСКА Москва, но не успеа со Џеси Лингард од Манчестер Јунајтед.

ПретходноВардар против Мешков Брест за место во финалето на Ф4
Следно12 ремек дела на Томовски во Загреб (ВИДЕО)