Војдан: Не сме без шанси, Украина ќе биде нашиот ривал за третото место!

214

Марија Ковачева

Македонија ги доби Шпанија, Грузија и Украина, а во следната фаза продолжуваат првопласираните три репрезентации. Првата фаза ќе се игра во ноември, февруари и јуни.

Војдан Стојановски кој ги пропушти претквалификациите поради повреда, верува дека Македонија може да се најде во следната рунда.

„Мислам дека не сме без шанси во оваа група. Од противниците, само Украина ќе биде комплетна, додека за Шпанија и Грузија нема да играат најдобрите кошаркари. Веројатно Украинците ќе ни бидат ривал за третото место. Таму полека се враќа популарноста на кошарката, домашната лига е се посилна, но сметам дека можеме да парираме и да ги победиме. Клучно ќе биде со кого играме во јунскиот прозорец бидејќи тогаш на располагање ќе бидат и евролигашките и НБА играчите“, изјави Војдан.

ПретходноИзлезе трејлерот за документарецот „Шумахер“ (ВИДЕО)
СледноБесарт за Спортмедиа: Ќе се обидам да ги радувам фановите на Ксанти!