Скандал во Исланд пред Македонија: Оставка на првиот човек на федерацијата!

424

Скандал во фудбалската федерација на Исланд, пред натпреварот со Македонија на 5. септември во Рејкјавик.

Првиот човек на фудбалската федерација Гудни Бергсон си поднесе оставка, откако беше обвинет за секс скандал, а после него оставка поднесе и членот на управниот одбор на федерацијата, Асгеир Асгеирсон.

Првиот човек Бергсон беше обвинет за сексуални злоупотреби во националните тимови во 2017 година.

Волнтерката во федерацијата Гида Арнарсдотир, неодамна кажа дека во 2017 година била силувана од страна на фудбалски репрезентативец. Според неа, сето тоа го знаел и Бергсон кој што не реагирал, а доскорашниот претседател ги отфрлил обвинувањата.

Обвинителството на Исланд ги потврди зборовите на Арнарсдотир, а откриено е дека Бергсон дури најмил адвокат за исплата на компензација, а притоа да потпише изјава за доверливост на информацијата да не излезе во јавност.

Управниот одбор на федерацијата испрати извинување, и најавија дека изборите за нов претседател ќе се извршат во февруари идната година.

ПретходноАБА 2 ги потврди МЗТ Скопје и Пелистер, што се случува со Работнички?
СледноУште двајца играчи на Барса прифатија намалување на платите