Младата футсал селекција во претквалификациите за ЕП 2022 на турнир во Гибралтар

281

Младата футсал репрезентација на Македонија за играчи до 19 години ќе игра во претквалификациите за Европското првентсво во Шпанија во група во Гибралтар. На вчерашната ждрепка, УЕФА го одреди патот на 33 селекции до место на завршниот турнир, а Македонија според рејтингот мора да почне од претквалификациите, каде се формирани две групи.

Македонија во друштво на Црна Гора и Гибралтар кој ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир ќе се бори за место во главната квалификациска рунда, каде ако успееме да го минеме турнирот на Гибралтар ќе се најдеме во друштво на Холандија, Турција и Италија, на квалификациски турнир кој ќе се игра во Турција.

Претквалификациите ќе се одржат од 2 до 7 ноември оваа година, додека квалификациите од 15 до 20 март следната година.

ПретходноФердинанд: Бруно ќе мора да му ги остави пеналите на Роналдо
СледноМанчестер Јунјатед објави: Кристијано Роналдо се врати дома!