Вардар 1961 со пораз во вториот четвртфинален натпревар го завери ново учество на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига. Македонскиот првак успеа да ја одбрани позитивата од четири гола од Скопје, на втората беше совладан од ППД Загреб со 25-22.
Вечерва токму во срцето на Хрватска, Вардар 1961 испиша нова историја во СЕХА-лига, стана единствениот тим кој успеал да се пласира на сите завршници во ова натпреварување од неговото формирање. Токму до денеска заедно со Загреб го делеа тронот, но тој сега му припаѓа само на македонскиот првак.
Вардар во полуфиналето ќе игра против Мешков Брест, додека пак Веспрем ќе ги одмери силите со Мотор.