Ништо од Мбапе во Реал: ПСЖ одби фантастични 220 милиони евра!

260

Килијан Мбапе останува во Пари Сен Жермен оваа сезона откако францускиот вицешампион одби да го пушти во Реал Мадрид. Иако „кралевите“ тргнаа фуриозно по него во финишот на преодниот рок, понудија 150 и 170 милиони евра кои парижаните ги одбија. Реал Мадрид денеска понудил 220 милиони евра, но ПСЖ одбил и со тоа дефинитивно трансферот е откажан, пренесува „Скај спортс“.

Мбапе пројави незадоволство на „Паркот на принцовите“ по доаѓањето на Лионел Меси, па посака да ја смени средината, а неговата желба беше „Сантијаго Бернабеу“. Во ПСЖ планираат убиствено напаѓачко трио Нејмар, Меси, Мбапе но францускиот напаѓач смета дека ќе биде во сенка на аргентинскиот ас и затоа сака да отиде во друг клуб.

Но ПСЖ не сака да го ослободи. Мбапе има договор со ПСЖ до 30 јуни 2022 година.

ПретходноФалкао ќе му биде соиграч на Димитриевски
СледноОК Вардар го потпиша Клопчевски