ОК Вардар го потпиша Клопчевски

290

Повремениот македонски репрезентативец Ристо Клопчевски е првото засилување на ОК Вардар за наредната натпреварувачка сезона.

Средниот блокер кој важи за „дете на Вардар“ минатата сезона ја мина во дресот на Тетовски Универзитет, но летово постигна договор со управата на „црвено-црните“ за камбек во матичниот клуб.

Со трансферот на Клопчевски „вардарци“ ја потенцираат желбата за составување на квалитетен тим, во кој шанса ќе добијат и дел од младите и талентирани одбојкари, но и играчи кои во минатото го носеле црвено-црниот дрес.

ПретходноНишто од Мбапе во Реал: ПСЖ одби фантастични 220 милиони евра!
СледноДавид Тошевски ќе игра со Подолски во Горњик!