ПОСЛЕДЕН ДЕН: Кога точно се затвора трансфер пазарот во Европа

307

Денеска е последен ден за европски фудбалски пазар. Еден од највозбудливите трансфер прозорци во последните години се затвора денеска во повеќето од најголемите национални првенства во Европа.

Последниот ден, некако по обичај, секогаш доста возбудлив и нема да биде изненадување ако денеска дојде уште некое големо трансфер изненадување. Иако синоќа излегоа информации дека реал ги прекина преговорите со ПСЖ за Мбапе, многумина се уште веруваат во трансфер „бомба“ во последните 24 часа.

Во продолжение листата на земји и точниот термин кога се затвора летниот трансфер пазар:

Англија – 1 септември во 00:00 часот

Италија – 1 септември во 00:00 часот

Шпанија – 1 септември во 00:00 часот

Германија – 31 август во 18:00 часот

Франција – 1 септември во 13:00 часот.

Русија – 7 септември

Турција – 8 септември

Португалија – 22 септември

ПретходноУС ОПЕН: Медведев без проблеми против Гаске, елиминација на Кирјос
СледноЈувентус со писмо се раздели со Роналдо: „Чао Кристијано“