Македонската преставничка на Параолимписките игри во Токио, Оливера Наковска Бикова, успеа да се пласира во финалето во натпреварите во дисциплина воздушен пиштол 10 метри, класа СХ1.
Таа беше осма во квалификациите, а во големото финале успеа да го подобри својот пласман, па го зазеде шестото место со резултат 147,9. Златото и припадна на Иранката Јаванмарди, додека сребрена заврши Пехливанлар од Турција. Бронзениот медал во оваа дисциплина беше за Давид од Унгарија.
За нашата параолимпијка ова беше првиот настап, а во наредните денови ќе има уште два настапи во дисциплините 25 и 50 метри пиштол.