Уште двајца играчи на Барса прифатија намалување на платите

209

После Пике и Роберто, уште двајца играчи на Барселона прифатија да им бидат намалени примањата. Станува збор за Жорди Алба и Серхио Бускетс кои се согласија на новите услови, и со тоа сега „каталонците“ може да го регистрираат Кун Агуеро.

Но, Барселона и понатаму има финанински проблеми, па така веројатно ќе ги решава проблемите со продажба на Пјаниќ, но има само уште неколку часа до крајот на преодниот рок.

Барселона продаде двајца играчи. Станува збор за Илаиш Мориба кој замина во Лајпциг, и Емерсон кој направи трансфер во Тотенхем, и така Барса заработи 45 милиони евра.

ПретходноСкандал во Исланд пред Македонија: Оставка на првиот човек на федерацијата!
СледноДрагарски повторно се врати во Пелистер