Јаховиќ: Среќен сум што повторно сум дел од репрезентацијата, овие играчи имаат квалитет

289

Адис Јаховиќ по долго време се врати во националниот тим. Новиот селектор Благоја Милевски се реши да го повика искусниот голгетер кој долго време игра во Турција, повторно да биде дел од репрезентацијата.

Јаховиќ рече дека се чувствува исто како кога бил прв пат дел од селекцијата, само што сега е поискусен. Вели дека селекцијата е квалитетна и има сила за добри резултати на трите натпревари.

„Чувството е како првиот пат кога бев дел. Среќен сум што сум со квалитени и добри фудбалери. Се надевам дека ќе се адаптираме. Со дел од нив сум играл, ги знам. Треба да покажеме на терен дека имаме квалитет. Чувството е исто, само што сега сум поискусен. Ќе дадам  се од себе да направиме добри резултати, и се надевам дека ќе го оствариме тоа. Ќе дадам максимум на терен, но треба да одиме од меч во меч. Сега се подготввуваме за натпреварот со Ерменија. Направивме добра анализа. Најпрво тој меч да го одиграме како треба, а подоцна ќе размислуваме за Исланд. Сигурно дека овие три натпревари се блиску еден од друг, но имаме квалитет сите кои сме тука, и се надевам дека ќе ја израдуваме нацијата со добри резултати, кои ќе ни овозможат да бидеме во трка за пласман на светското првенство“, рече Јаховиќ. 

ПретходноДрагарски повторно се врати во Пелистер
СледноКелце и Барселона ќе играат пред 60.000 гледачи,ќе се урива светскиот рекорд!