Арменд Алими пред трансфер во Приштина!

1334

Како што дознава Спортмеда, Арменд Алими е пред трансфер во Приштина. Клучниот играч од средниот ред на Шкендија веќе седум години, се сели во Косово, во тамошниот шампион, во тимот каде што тренер е нашиот стратег Зекирија Рамадан.

Алими во Шкендија дојде во јануари 2014 година, тој беше првата “ѕвезда“ која клубот ја купи откако газда Лазим Дестани влезе во Шкендија. Кумановецот беше еден од најзаслужните што Шкендија во овој период освои три шампионски титули, два купа и трипати играше во плеј-офот во Лигата на Европа.

Ова значи дека во “битката“ меѓу Акраповиќ од една страна и Ибраими и Алими од друга страна, за што ние веќе пред две недели пишувавме, ја доби Бруно. Имено од вчера Бесарт Ибраими е нов член на грчки Ксанти, додека Арменд е на пат кон Приштина. Ова лето од Шкендија си замина и Арблин Зејнулаи, потоа клубот ги раскина договорите со Антонио Павич и Игор Ведерсон.

Јасно е дека Шкендија сега мора да купува и тоа како. Во спротивно ќе се претвори во една обична прволигашка екипа која не само што нема никакви шанси да ја одбрани титулата, туку под голем знак прашалник ќе биде ставен и излезот во Европа воопшто.

ПретходноСензационална наградна игра „Играј без нервози и мерцедес вози“ на единствената легална платформа за интернет игри на среќа во земјава, 2win.mk
СледноЛариса раскина со Јакимовски, играчот се враќа во Италија