Националниот тим на Косово доби големо засилување во името на Мергим Бериша. Бериша кој моментално настапува за Ред Бул Салцбург, наводно одлучил во иднина да настапува за селекцијата од каде има потекло, а не за Германија, за која играше до сега, во младинските репрезентации.
Бериша е 22-годишен играч роден во Германија. Неодамна настапуваше на младинското ЕП 2021 година во кое Германија го освои златниот медал, а Бериша беше стандарден.
Не е позната причината поради која Бериша се одлучи во иднина да настапува за сениорите на Косово, а има можност да игра за Германија.