Ајнтрахт со „ситна лага“ се обидел да го спречи трансферот на Костиќ!?

489

Ајнтрахт Франкфурт не го пушти српскиот репрезентативец Филип Костиќ да замине во Лацио, а притоа се служел со „ситна лага“ за да го спречи неговото заминување.

Србинот бил пред трансфер во Лацио, откако Ајнтрахт одговорил дека за него бара 10 милиони плус бонуси. Лацио испратил официјална понуда од 10 милиони плус бонуси, но Ајнтрахт им дал погрешна е-маил адреса!?

Оваа информација ја носи угледниот новинар Џанлука ди Марцио кој пишува дека Ајнтрахт намерно пратила грешен мејл, потпирајќи се на изјава на менаџерот Фали Рамадани, па така преговорите пропаднале.

Ајнтрахт на Костиќ му рекле дека не добиле никаква понуда, па така фудбалерот од лутина не тренирал и не бил во комбинација за дуелот со Арминија Билефелд.

ПретходноЛариса раскина со Јакимовски, играчот се враќа во Италија
СледноРикиќ: Верувам дека ќе ја задржиме двојната титула