Вардар сепак нема да игра на Ф4 во Задар

831

Вардар иако обезбеди учество на фајнл-фор завршницата во СЕХА лига, сепак нема да учествува.

Како што открива ” g-sport.mk” има проблем со Ковид и екипата нема да патува за Задар туку веќе е на пат за Скопје.

Вардар имал доволно вакцинирани и здрави играчи за да оди за Задар, но на крајот било одлучено да се врати во Скопје.

Останува да се огласи и СЕХА лига и клубот. Во полуфиналето Вардар требаше да игра со Мешков Брест.

ПретходноЕрдон Даци тргна со Вестерло (ВИДЕО)
СледноФерид Агуши на клупата на Футсал Шкупи!