Женската екипа на ШК Алкалоид е првак на Македонија!

129

Женската екипа на ШК Алкалоид е првак на Македонија, и тоа повеќе од убедливо, на екипното државно првенство за 2021 година. Турнирот се одигра по Бергеров систем во седум кола, а настапија осум екипи. Дамите од ШК Алкалоид, кој е државен првак и во машка конкуренција, освоија 14 меч бодови, што е повеќе од 5 од второпласираната екипа на Центар.

За ШК Алкалоид настапија и странските засилувања ИМ Аталик Екатарена од Турција, ИМ Булмага Ирина од Романија, како и домашните шахистки Моника Стојковска, Габриела Коскоска, Јана Ангеловска и Леа Ефтоска.

ПретходноУкраина во 90+6.минута испушти победа!
СледноМкхтаријан: Важен меч за нас, Ерменија утре оди на победа!