Арбин Зејнулаи, “детето“ на Шкендија е нов фудбалер на Локомотива Загреб. Олична средина каде се форсираат млади фудбалери, а важи и за втор тим на Динамо Загреб.
Зејнула пред неколку недели се раздели со Шкендија, сакше поголема минутажа. Речиси се беше договорено со Ренова, но сепак тој во последен момент доби понуда од хрватскиот тим која не се одбива, па така 22-годишниот играч за врска својата кариера ќе ја продолжи надвор од Македонија.
Зејнулаи како што рековме е “дете“ на Шкендија. Пред пет години од младинците на клубот се пресели во првиот тим како еден од најталентираните момци, но сепак не доби адекватна шанса каква што очекуваше.
Токму и затоа тој ова лето одлучи да и замине од Шкендија. Инаку да кажеме дека Зејнулаи беше на тренинг со остантите свои соиграчи во неговиот нов тим.