И официјално: Пане Блажевски останува клупата на Тиквеш!

2056

Изненадувачки вести доаѓаат од Кавадарци. Имено Пане Блажевски и натаму ќе биде шеф на стручниот штаб на Тиквеш. И покрај фактот што јавноста во градот, фановите побараа смена, а тоа го најави преку својот ФБ статус и градоначалникот на градот, сепак на седницата на УО на ФК Тиквеш, одлучено е да му се даде нова шанса за стратегот кој по 17 години успеа да го врати Тиквеш во елитата.

Јасно е дека кавадарчани не стартуваа според посакувањата. На тие пет меча имаа две ремија и три порази и ниту една победа.

Сепак раководството на клубот одлучи да дека, барем сега засега, нема смена на тренерската клупа на Тиквеш.

Инаку по паузата, Тиквеш во меч од 6.коло, на 12 септември ја дочекува Ренова.

Ете шанса за прва победа.

ПретходноРоналдо призна: Сер Алекс имаше важна улога во мојот кам-бек
СледноШанса за Вардар, Мешков со проблеми пред Ф4