Хоакин Капарос, шпанецот кој е селектор на Ерменија на пресот во пресрет на утрешниот меч со нашата селекција, говореше во суперлативи за Македонија.
“Мора да кажам дека имам убаво мислење за нашиот утрешен противник. Да, точно е тоа дека Македонија има нов селектор, но затоа сметам дека поголемиот дел од тимот, речиси 80 отсто од тимот е истиот. Ќе играме тимски, Мкхатријан е голем играч, очекувам своето искуство да го пренесе на останатите. Ние треба да го дадаме својот максимум на утрешниот натпревар“ рече покрај другото Капарос.