Некогашниот светски првак од 2007 година во Формула 1, Кими Раиконен, на своите социјални мрежи најави дека оваа сезона ќе му биде последна сезона во неговата кариера.
Тоа значи дека во следната 2022 година, за жал, нема да го гледаме на тркачката патека, омилениот кај фановите, Финец.
“Ова е тоа. Ова е одлука која ја донесов минатата зима. Секако дека не беше едноставно одлука за мене, но по оваа сезона време е за нови работи. Иако сезоната се уште трае, сакам да му се заблагодарам на моето семејство, на сите тимови за кои што возев, и најмногу на вас фанови кои секогаш бевте со мене“ напиша покрај другото легендарниот Финец.
ФОТО: Formula1 twitter