Мирко Ивановски има „дил“ со Динамо Букурешт

592

Некогашниот македонски репрезентативец Мирко Ивановски, е пред враќање во Романија, и тоа во таборот на Динамо Букурешт. Ивановски, во минатото играше за Астра и за Клуж, договорил се со Динамо, само се чека сега ФИФА да ја „скине“ забраната за трансфери. Барем така најавуваат романските медиуми.

Тој е еден од десетмината играчи кои се договорени со Динамо, откако ќе биде укината забраната.

Ивановски игра за екипата на Диосѓер во Унгарија, а во минатото беше дел од Славија Прага, Арка, Астра, Клуж, Видеотон, Болуспор, Славен Белупо и Хајдук.

31-годишниот фудбалер има 27 настапи и еден гол за репрезентацијата.

ПретходноРибери се враќа во Серија А, се договорил со Верона
СледноПоради жената му пропаднал трансферот на кариерата