Мкхтаријан: Важен меч за нас, Ерменија утре оди на победа!

160

Во пресрет на утрешниот меч од 4.коло во квалификациската група -Ј за пласман на СП во Катар 2022, кој се игра на Арената во Скопје, меѓу Македонија и Ерменија на пресот свое видување имаше Ханрик Мкхтаријан. Не е тајна дека тој е најдобриот фудбалер на репрезентацијата на Ерменија.

Ова е важен меч за нас, секако дека Ерменија утре ќе оди на победа против Македонија. Ќе дадеме се од себе. Моите соиграчи досега направија голема работа, славеа во сите три меча“ рече Мкхтаријан.

Тој покрај другото не заборави да го спомене и Горан Пандев…

Пандев е легенда на македонскиот фудбал, беше многу важен во репрезентацијата. Ќе недостасува многу во репрезентацијата јас му посакувам многу среќа во понатамошната кариера“ заврши најдобриот фудбалер на Ерменија.

ПретходноЖенската екипа на ШК Алкалоид е првак на Македонија!
СледноКапарос: Македонија има нов селектор, но 80 отсто од тимот е ист!