Неколку македонски играчи се „слободни“, двајца од нив настапија на ЕП

880

Заврши преодниот рок во најсилните лиги во Европа, а остануваат само уште неколку земји каде што може да се купуваат играчи.

Трансфер пазарот е отворен уште во Украина, Бугарија, Романија, Словачка, Русија, Чешка, Турција, Ерменија, Израел, Молдавија, Србија…

Меѓутоа оние кои се слободни, може да прават трансфери и онаму каде што преодниот рок е завршен, а такви има неколку македонски играчи.

Меѓу нив и двајца кои настапија на ЕП за Македонија, а тоа се Стефан Спировски и Ферхан Хасани.

Спировски вчера го раскина договорот со АЕК Ларнака, и согласно последните информации ќе се врати во Унгарија. Хасани, пак, се раздели со Партизани Тирана, и не е познато каде ќе настапува во иднина.

Слободни играчи се уште и поранешните репрезентативци Даниел Георгиевски и Мирко Ивановски. Георгиевски ќе продолжи во Австралија, додека Ивановски е пред трансфер во Динамо Букурешт, ако им ја укинат забраната за трансфери.

Без клуб од пред два дена е и Никола Јакимовски, кој согласно последните информации ќе продолжи во Комо.

ПретходноФинскиот селектор со респект за Македонија: Тие се вистински борци
Следно„Десетката“ во Барселона доби нов сопственик