Вобичаено, каде и да играме, без разлика во кој спорт, па дури и во далечната Финска, нашите репрезентации ја имаат поддршката од фановите. Така ќе биде и во Тампере за нешто помалку од еден час, кога одбојкарската репрезентација на Македонија на отворањето на првенството, ќе ги одмери силите против домашната селекција на Финска.
Не се сомневаме дека поддршката ќе биде силна, без разлика на бројноста на фановите.
Важно е да си со срце за Македонија!