Македонската фудбалска репрезентација на чело со селекторот Благоја Милевски вечерва на Арената Тодор Проески го одработи официјалниот тренинг пред утрешниот квалификациски дуел против Ерменија кој е закажан за 20:45 минути.
Нашиот национален тим ќе ја има задачата утре да му се спротивстави на лидерот на групата, кој засега има максимални девет бода, но ние имаме нов селектор кому сите ќе сакаат да му докажат дека местото им е токму тука во националниот тим.
Селекторот Милевски ги има сите сили на располагање, останува да видиме за кого утре и ќе се одлучи.