Во последните моменти од преодниот рок вчера пропаднал „трансферот на кариерата“ на хрватскиот репрезентативен дефанзивец Дује Чалета-Цар.
Според францускиот весник „Ла Прованс“, Вулверхемптон бил подготвен да му плати дури 18 милиони евра на Олимпик Марсеј за хрватскиот дефанзивец, кој и онака не е во плановите на тренерот Хорхе Сампаоли.
Сепак, сопругата на хрватскиот фудбалер не сакала да слушне да се пресели од прекрасниот Азурен брег во предградијата на Бирмингем, тврдат Французите.
Откако Англичаните слушнале за ова, сами се откажале од понатамошни преговори.