Предполноќна лудница на трансфер пазарот – падна системот во Шпанија

699

Неверојатна завршница на преодниот рок. Синоќа до полноќ клубовите имаа можност да регистрираат нови фудбалери, но во последните часови се случи нешто неочекувано – падна системот за регистрација на играчи во Шпанија. По сите преписки дали дел од реализираните трансфери ќе влезат во терминот до полноќ да бидат пријавени од страна на клубовите, на крајот се беше регуларно, па документите за трансферите беа испратени на време.

Тоа практично значи дека се реализирани најавените трансфери на Саул Нигез, Антоан Гризман, Лук де Јонг…

Комплетниот трансфер пазар застана на половина час, додека не стигнаа информации од Лондон дека документацијата за трансферот на Нигез успеале да поминат низ системот. Дел од медиумите објавија дека трансферите пропаднаа, но на крајот, сепак, стигна позитивен сигнал. Саул успеа да стане нов бисер во дрим-тимот на Тухел, па на крајот стана јасно дека Челзи за него ќе плати 5 милиони евра, со опција за откуп на крајот на сезоната од 35 милиони евра.

На крајот низ системот за регистрација минаа и документите на Гризман за трансферот од Барса во Атлетико (М), со што Французинот се врати „дома“. Каталонците успеаја да го фатат последниот воз и да го регистрираат Лук де Јонг, кој е доведен токму како замена за Гризман. Барза го продаде Гризман за 50 милиони евра, дури 70 милиони помалку од сумата која за него ја плати при трансферот на „Камп Ноу“, со таа разлика што сега ќе добијат само 10 милиони на име на позајмица, а останатите 40 милиони на крајот на сезоната како сума од обврската која Атлетико (М) ја презема за гарантиран откуп на договорот.

ПретходноОрие и Тотенхем го раскинаа договорот
СледноЛукман од Лајпциг на позајмица во Лестер