Претседателот на Ла Лига: ПСЖ е опасен за фудбалот!

686

Првиот човек на шпанската Ла Лига, Ксавиер Тебас упати остри критики кон ПСЖ откако “светците“ одбија да го пуштат Килијан Мбапе во Реал Мадрид.

Клубовите се опасни за фудбалот колку и Суперлигата. Бевме критични за Суперлигата, еве сега треба да бидеме критични и затоа како работи ПСЖ. Тој клуб загуби од пандемијата 300 милиони евра, приходите од ТВ-правата се намалени за 40%, а трошат на плати 500 милиони евра? Тоа е неодржливо“ напиша на Твитер претседателот на Ла Лига.

Тој исто така посочи дека не може да прифати што капитените на Барселона и Реал Мадрид, Меси и Серхио Рамос, заминаа во ПСЖ.

ПретходноЕП 2021: Слаб почеток и задоцнет финиш за стартен пораз од Финска
СледноМладите тренираа на ММА Арената во Ле Ман