Роналдо му „залепи“ шамар на Оши (ВИДЕО)

3589
Во тек е натпреварот од квалифиакциите за Мундијалот во Катар помеѓу репрезенатциите на Португалија и Ирска, а моменталниот резултат е изненадувачки 0:1 за ирците. Згора на тоа, за домаќинот Кристијано Роналдо промаши пенал, а пред тоа да го стори направи потег типичен за него во последно време.
Додека се подготвуваше да го изведе пенало, Ирскиот репрезенативец Дејра Оши искористи момент, и ја помести веќе наместената топка на белата точка. Роналдо нормално тоа го толкува како личен атак, како што впрочем го толкува се околу него, и замавна со раката накај противникот. И го погоди. На големо изненадување за ова не доби никаква опомена, а потоа кармата го стори своето, и тој го промаши пеналот.
ПретходноКастрати од Динамо во Легија Варшава
СледноРоналдо од трагичар стана херој и постави светски рекорд (ВИДЕО)