Роналдо од трагичар стана херој и постави светски рекорд (ВИДЕО)

812

Заврши првиот ден од квалификациската програма за претстојното светско првенство во Катар.

Денешната програма ја одлебежа, а кој друг ако не Кристијано Роналдо кој на неговата Португалија и донесе победа во последните секунди над вечерва трагичната и несреќна Ирска. Гостите на овој меч имаа водство од 0:1 до последните моменти од мечот, а потоа Роналдо со два гола со глава го сврте резултатот. Иако претходно промаши пенал тоа не му пречеше да стане херој како и обично.

Ајде што го стори тоа, и што донесе победа и три бода, туку Роналдо со овие два погодоци, стана најдобриот стрелец на една репрезентација на сите времиња. Поточно, го мина Иранецот Али Даеи, кој постигна во националниот дрес, 109 гола. Роналдо сега има 111 на 180 настапи, а којзнае до колку ќе стигне до крајот на неговата кариера.

Репрезентациите на Русија и Хрватска и покрај најавите одиграа само 0:0, додека пак, Босна е уште еден херој вечерва.

Со голот на Един Џеко, Босанците поведоа на гостувањето кај Франција но не успеаа да издржат. Примија гол во 40. минута преку Гризман, кој воедно ги постави и конечните 1:1.

Во Истанбул на Водафон Арената Турција и Црна Гора одиграа 2:2, а хаосот на трибините го угаси Радуновиќ во последните секунди од мечот. Со прекрасен слободен удар со лева нога, ги постави конечните 2:2, и на тој начин поништи домашно водство од 2:0.

резултати:

Данска – Шкотска 2:0

Фарски Острови – Израел 0:4

Франција – БИХ 1:1

Летонија – Гибралтар 3:1

Луксембрг – Азербејџан 2:1

Малта – Кипар 3:0

Норвешка – Холандија 1:1

Русија – Хрватска 0:0

Словенија – Словачка 1:1

Турција – Црна Гора 2:2

Португалија – Ирска 2:1

ПретходноРоналдо му „залепи“ шамар на Оши (ВИДЕО)
СледноЕмирот на Катар е човекот кој не дозволи Мбапе да го облече дресот на Реал (М)