Само еден пад на системот на регистрација на фудбалери во Шпанија можеше да предизвика цунами на европскиот фудбалски пазар. Синоќа се случуваа неверојатни работи по објавата на договорени трансфери, кои едноставно не можеа да поминат со пријава на комплетната документација. Драмата која имаше точка на вриење кон полноќ, на крајот доживеа среќен крај.
Сите големи трансфери кои се чекаа до минута пред полноќ беа навреме завршени, со оглед на тоа што документите успеаја да поминат во системот само неколку минути пред затворањето на трансфер рокот.
Во фокусот беше заминувањето на Саул Нигез од Атлетико во Челзи, како и трансферот на Гризман во редовите на „јорганџиите“.
„Беше 23.57 кога ја завршивме ревизијата на целиот трансфер. Потоа и тие требаше тоа да го сторат. Бев како Де Хеа, си помислив во себе: Ова нема да помине и тоа е тоа. Беше тоа долга ноќ. Мојата сопруга беше многу нервозна, затоа што имавме неколку тешки денови и ова аодлука не беше лесна. Заминување од дома во нова авантура е секогаш комплицирано“, изјави Саул за „Марка“ за драмата која се случуваше синоќа со регистрацијата на неговата позајмица во Челзи.