Веста дека Милан го донесе Жуниор Месиас како свое ново засилување во вчера завршениот преоден рок, очигледно не беше вест која привлече големо внимание. Поранешниот фудбалер на второлигашот Кротоне, на изненадување на многумина, доживеа исполнување на својот сон да заигра во еден од најголемите европски фудбалски тимови, иако реномето кое го носи со себе веројатно не беше од калибарот на „росонерите“.
Има 30 години, роден е во Бело Хоризонте и, како и повеќето деца таму, почнал да игра фудбал. Не му одело добро, па решил да се преслеи во Италија за да работи како доставувач на пица. Патем, несакајќи да се откаже од првата љубов, фудбалот, решил да се проба во локалните аматерски клубови.
Кариерата во италијанскиот фудбал ја започна пред само шест години. Играше за малиот Гоцано, со кого влезе во третата лига во 2018 година. Потоа прави изненадувачки трансфер во Кротоне пред две години, со кого доживеа и епизода на настап во Серија А минатата сезона.
Од вчера е дел од големиот Милан. Доставувачот на пици ќе игра и во Лигата на шампионите!