Ферид Агуши на клупата на Футсал Шкупи!

185

Ферид Агуши е новит тренер на футсал – екипата на Шкупи. Тој го менува Зоран Лекиќ, кој ќе остане во клубот, но како тренер на младинските категории. Агуши е познат наш футсалџија, тој беше дел од сите успеси, шампионски титули и настапи во Лигата на Шампионите на Футсал Шкупи, има и повеќе од 100 настапи за репрезентацијата на Македонија.

Клубот во своето соопштение му се заблагодари на Лекиќ на досегапшната соработка, а му посака многу среќа на Агуши.

ПретходноВардар сепак нема да игра на Ф4 во Задар
СледноУкраина во 90+6.минута испушти победа!