Со репрезентацијата на Финска по се изгледа одлично се познаваме. Игравме пред две години со нив на ЕП во Словенија и бевме поразени со 3:1. На ова Еп повторно тргнуваме против нив, но овој пат веројатно и ние многу поискусни и позрели во очекувањата.
Селекторот на Финска, Жоел Банкс, вели дека Македонија е репрезентација која се бори за секој поен и најави дека и неговата селекција денеска ја очекува тежок меч.
„Ги знаеме Македонците од пред две години од Европското првенство. Тие се вистински борци кои играат максимално од секој поен“, изјави Банкс пред денешниот дуел со нашата селекција.