Вардар 1961 го завери своето десетто учество на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига, откако на гостувањето кај ППД Загреб успеа да ја одбрани позитивата од четири гола.
Македонскиот првак за противник во полуфиналето кое на програмата е во петок ќе го има тимот на Мешков Брест. Белорускиот состав е добро познат ривал на „црвено-црните“, веќе со години се среќаваат во СЕХА-лига и во Лигата на шампионите.
Вардар во оваа пресметка ќе влезе со подолга клупа, Мешков Брест во Задар ќе дојде без одличниот голман, Иван Пешиќ. На седната бековска позиција ќе има само еден играч, во Брест останаа бекови Павел Пачковски и Егор Будејко, во составот ќе го нема ниту пикерот Артјом Селвасјук.
Мечот меѓу Вардар 1961 и Мешков Брест е прв на програмата, се игра со почеток во 18 часот, вториот полуфинален меч е закажан за 20:30 часот, а силите ќе ги одмерат Веспрем на Дејан Мансков и Мотор Запорожје.
ФОТО: СЕХА-ЛИГА