По силните замимувања од таборот на нашиот шампион, попладнево тетовци се пофалија со ново име. Тоа е Џеси Гуера Жоу од Камерун. Играч за врска кој некогаш бил член на и на Б-тимот на Монако, а играл во екипите на Вараждин, Шериф Тираспол, Петрокуб.
“Среќен сум што дојдов во Шкендија. Едвај чекам да почнам да играм во дресот на мојот нов клуб. Знам дека сите во Тетово се големи фанови на Шкендија, па така се надевам дека ќе го дадам својот придонес за успешни резултати на тимот“ рече покрај другото новиот фудбалер на Шкендија.