Кими Раиконен: Ова е мојата последна сезона во Формула 1!

156

Некогашниот светски првак од 2007 година во Формула 1, Кими Раиконен, на своите социјални мрежи најави дека оваа сезона ќе му биде последна сезона во неговата кариера.

Тоа значи дека во следната 2022 година, за жал, нема да го гледаме на тркачката патека, омилениот кај фановите, Финец.

Ова е тоа. Ова е одлука која ја донесов минатата зима. Секако дека не беше едноставно одлука за мене, но по оваа сезона време е за нови работи. Иако сезоната се уште трае, сакам да му се заблагодарам на моето семејство, на сите тимови за кои што возев, и најмногу на вас фанови кои секогаш бевте со мене“ напиша покрај другото легендарниот Финец.

ФОТО: Formula1 twitter

ПретходноКлоп откри зошто Ливерпул не трошеше пари на засилувања
СледноСЕХА потврди: ППД Загреб на местото на Вардар на Ф4