Косово добива големо засилување: Германскиот дрес го менува со косовскиот!

3611

Националниот тим на Косово доби големо засилување во името на Мергим Бериша. Бериша кој моментално настапува за Ред Бул Салцбург, наводно одлучил во иднина да настапува за селекцијата од каде има потекло, а не за Германија, за која играше до сега, во младинските репрезентации.

Бериша е 22-годишен играч роден во Германија. Неодамна настапуваше на младинското ЕП 2021 година во кое Германија го освои златниот медал, а Бериша беше стандарден.

Не е позната причината поради која Бериша се одлучи во иднина да настапува за сениорите на Косово, а има можност да игра за Германија.

 

ПретходноШанса за Вардар, Мешков со проблеми пред Ф4
СледноПремиерлигашите потрошиле повеќе од 1 милијарда фунти