Лукман од Лајпциг на позајмица во Лестер

112

Англискиот напаѓач Адемола Лукман кариерата ќе ја продолжи во Англија. Лајпциг го објави закупот на 23-годишниот играч пред крајот на отворениот преоден рок вчера.

Лукман минатата сезона ја помина на позајмица во Фулам. Напаѓачот постигна четири гола на 35 настапи за тимот, даде четири асистенции и доби пет жолти картони.

Покрај Фулам и Лајпциг, Лукман играше за Евертон и Чарлтон. Фудбалерот играше и за младинските тимови на Англија во различни возрасни категории.

ПретходноПредполноќна лудница на трансфер пазарот – падна системот во Шпанија
СледноЃоковиќ со мали осцилации успешно ја мина првата пречка на УС Опен