Одработен официјалниот тренинг, останува да се „обработи“ уште Ерменија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

479

Македонската фудбалска репрезентација на чело со селекторот Благоја Милевски вечерва на Арената Тодор Проески го одработи официјалниот тренинг пред утрешниот квалификациски дуел против Ерменија кој е закажан за 20:45 минути.

Нашиот национален тим ќе ја има задачата утре да му се спротивстави на лидерот на групата, кој засега има максимални девет бода, но ние имаме нов селектор кому сите ќе сакаат да му докажат дека местото им е токму тука во националниот тим.

Селекторот Милевски ги има сите сили на располагање, останува да видиме за кого утре и ќе се одлучи.

 

ПретходноМенди и натаму во притвор, одбиен предлогот за кауција
СледноСТРУЧЕН КОМЕНТАР/ Јошко Миленковски: Нема простор за разочарување