Ристовски: Сега сите ќе ја гледаат Македонија со други очи

185

Стефан Ристовски, новиот капитен на македонскиот национален тим, на денешната прес-конференција пред натпреварот со Ерменија, ги кажа очекувањата од утрешниот дуел.

Најпрво кажа дека е почестен што ќе биде капитен и ќе го наследи Горан Пандев во таа улога во националниот тим.

„Јавно да се заблагодарам на Горан Пандев кој има постигнато многу за оваа репрезентација, и треба да ни биде пример како треба да се продолжи патот во селекцијата. Јас се надевам дека Горан ќе успееме да го испратиме како што доликува на капитен на оваа нација. Голема ми е честа што сум капитен на оваа генерација , благодарност и до селекторот за довербата, би ме радувало уште повеќе сите ние пример и капитени како се носи репрезентативниот дрес и како на теренот и надвор од него ќе бидеме пример и ќе даваме максимум за својата држава“, вели Ристовски. 

Тој кажа дека сега по настапот на Македонија на ЕП, и по победата над Германија, ја гледаат нашата селекција со други очи.

„Фудбалот дојде до момент кога немате многу за размислување. Временскиот простор е краток. Македонија моментално ја гледаат со други очи, без разлика на промени, без разлика што го нема Пандев, и без разлика на новодојдените играчи“, рече Ристовски. 

Претходно„Десетката“ во Барселона доби нов сопственик
СледноМилевски: Овие фудбалери се професионалци, добро ќе се адаптираат на новините во тимот