Ферид Агуши е новит тренер на футсал – екипата на Шкупи. Тој го менува Зоран Лекиќ, кој ќе остане во клубот, но како тренер на младинските категории. Агуши е познат наш футсалџија, тој беше дел од сите успеси, шампионски титули и настапи во Лигата на Шампионите на Футсал Шкупи, има и повеќе од 100 настапи за репрезентацијата на Македонија.
Клубот во своето соопштение му се заблагодари на Лекиќ на досегапшната соработка, а му посака многу среќа на Агуши.