Вујовиќ по исфрлањето на Вардар од СЕХА Ф4: Каков срам!

640

Иако Вардар спортски се пласираше на завршниот турнир од СЕХА лигата за оваа сезона, со одлука на раководството налигата, „црвено-црните“ нема да играат на фајнл-фор турнирот поради позитивен тест на Ковид-19 на голманот Борко Ристовски.

Во изјава за српските медиуми, тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ вели дека оваа одлука на СЕХА е голем срам.

„Каков срам. Тие велат дека само Борко е позитивен, додека за седум други играчи не минале 14 дена од втората доза на вакцина, па се критични. Сакавме да го повториме тестот, но не ни го дадоа. Сите имаме ПЦР тестови, ги замоливме повторно да ги направат. Дури сакав да одам со 11 играчи кои имаат сертификат за вакцинација, но и тоа не ни дозволија“, објаснува тренерот на Вардар.

Денеска се уште се чека клупското соопштение и реакција на оваа одлука на СЕХА.

ПретходноХалилхоџиќ и Зијех влегоа во војна: Доцнеше, одби да тренира, па се правеше повреден
СледноОбложувалниците веруваат во победа на Македонија со Ерменија!