Емирот на Катар е човекот кој не дозволи Мбапе да го облече дресот на Реал (М)

1165

Одлуката 22-годишниот француски напаѓач Килијан Мбапе да остане во ПСЖ и оваа сезона и да не се одговара на понудата на Реал (М) од 200 милиони евра ја донел лично емирот на Катар, Хамад Ал-Тани, пишуваат француските медиуми.

Угледниот „Л’Екип“ објави дека имало сериозни сомнежи во управниот одбор на ПСЖ дали да се прифати примамливата понуда на мадриѓани. Некои од членовите на раководсниот тим на Насер Ал-Келаифи сметале дека има повеќе смисла да заработат повеќе од 200 милиони евра за да го пуштат напаѓачот да си замине ова лето, отколку да го загубат следната сезона без ниту едно евро отштета.

На крајот пресудила одлуката на емирот на Катар, кој имал желба оваа сезона да го види триото Меси, Мбапе, Нејмар во составот на францускиот гигант.

ПретходноРоналдо од трагичар стана херој и постави светски рекорд (ВИДЕО)
СледноХалилхоџиќ и Зијех влегоа во војна: Доцнеше, одби да тренира, па се правеше повреден