18-годишниот исландски фудбалер Исак Бергман Јоханесон, кому му предвидуваат дека ќе биде наследник на легендарниот Гилфи Сигурдсон од Евертон, направи трансфер на само неколку дена пред почетокот на квалификациите за пласман на СП.
Јоханесон од Норчепинг, замина во Копенхаген за сума од 4,5 милиони евра.
Интересно е тоа што овој играч е роден во Англија, каде што и живеел на мала возраст, пред да се врати во Исланд, и потекнува од спортско семејство. Неговиот татко е Јоханес Гудјонсон кој има 34 настапи за Исланд. Неговиот дедо, пак, Гудјон Тордарсон бил менаџер на Стоук, Барнсли, Нотс Каунти и неколку други тимови во Исланд и во Фарски Острови.
И неговите тројца чичковци биле исто така фудбалери, како и неговите братучеди. И неговите тројца браќа помлади од него исто така се фудбалери.
Јоханесон ќе игра против Македонија, а досега има четири настапи. Тој е најмлад дебитант во селекцијата на Исланд во историјата.