Селекторот на Ерменија, Хоaкин Капарос ги искажа своите импресии од мечот со Македонија во Скопје, кој заврши без голови.
Тој најпрво истакна дека многу работи во Македонија зависат од Горан Пандев, но и дека во Ерменија имало отсуства, па така двете селекции биле во иста позиција.
„Знаеме дека Горан Пандев е голем играч, но имавме респект и кон остантите од Македонија. И нам ни фалеа три играчи, па така бевме во слична ситуација“, изјави селекторот на гостите.
На прашањето зошто не тргнаа по победата како што најавија на вчерашната прес-конференција, Капарос одговори:
„Денеска играа две селекции, не една. Сакавме да нападнавме, но и Македонија се бранеше добро. Се надевавме дека работите ќе се сменат во текот на натпреварот, но тоа не се случи“, рече Капарос.