Македонија вчерва во црвени дресови, со нив две години сме без пораз дома!

854

Она што и се очекуваше. Нашата репрезентација вечерва ќе биде во црвени дресови, нашата прва и основна опрема за фудбалските натпревари. Додека гостите од Ерменија ќе настапат во бели дресови со жолти нијанси на дресот.

Инаку јасно е дека во таа црвена опрема најдобро се чувствуваме и дека таа ни носи среќа, барем кога играме во Скопје на Националната Арена “Тодор Проески“.

Последен пат сме загубиле на 10 јуни 2019 година и тоа од Австрија. После тоа имаме девет натпревари во Скопје, во кои во седум наврати сме победиле а само на два меча сме одиграле нерешено.

Нека биде и вечерва победа.

ПретходноРК Вардар се огласи по елиминацијата од Ф4
СледноМарио Крстовски на позајмица во Македонија ЃП