ОФИЦИЈАЛНО: Мустафи ќе игра заедно со Барди во Леванте!

419

Германскиот интернационалец Шкодран Мустафи направи трансфер во шпанскиот Леванте со тоа што потпиша договор со клубот од Валенсија до јуни 2023 година. Со тоа светскиот шампион со Германија од СП 2014 најде клуб откако беше ослободен од Шалке на почетокот на летото.

Мустафи ќе ја зацврсти одбраната на Леванте и ќе му биде соиграч на македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Инаку за Мустафи ова е кам-бек во шпанската Ла Лига затоа што од 2014 до 2016 година го носеше дресот на Валенсија. Исто така играше за Арсенал, Сампдорија и Евертон.

ПретходноПјаниќ е нов фудбалер на Бешикташ
СледноМногу сакавме, малку направивме…Милевски тргна со реми!